April 24, 2024, 12:38 pm

ДЕНЕС ЌЕ СЕ СЛУЧИ ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ЗАЕВ И ЦИПРАС : Викендов постигнат напредок во преговорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе се чујат телефонски за да разговараат за напредокот на преговарачкиот процес за спорот со името, дознава „Макфакс“ од високи дипломатски извори. Станува збор за долгонајавуваниот телефонски разговор меѓу Заев и Ципрас за финализирање на договорот, кој се очекуваше да се случи пред десетина дена.

Како што дознава „Макфакс“, доцна викендов на советничко ниво, двете земји преку нивните советници разговарале за одредени отворени прашања и постигнале напредок. Македонската страна понудила „креативни решенија“ кои го штитат идентитетот и јазикот на државата. По разговорот на советниците, премиерот Заев, шефот на дипломатијата, Никола Димитров и советникот Дане Талески дополнително се консултирале за унифициран став за прашањата кои сè уште не се затворени.

Преговорите, пишува порталот, не се во фаза „земи или остави“. Синоќа двете страни предлагале можни решенија за одредени спорни прашања и ја потврдиле посветеноста за постигнување договор.

И грчкиот весник „Катимерини“ вчера потврди дека 95 отсто од преговорите се комплетирани и остануваат неколку важни детали пред да биде готов договорот. Доколку сè се одвива според планот, договорот треба да се најде во македонскиот парламент пред Самитот на ЕУ, а на референдум најверојатно во септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This