ЗАЕВ КАКО НАЈГОЛЕМ АЛБАНЕЦ ЈА БРАНИ ПЛАТФОРМАТА:Албанците биле над 20%, тие биле нападнати и се бранеле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев не застанува во неговите недоветни изјави со кои не само што посочува лаги и невистини, туку и ги открива сите заднински обвинувања со кои и ја започна политичката криза по изборите во 2014 година.

zaev_budala

Во последното интервју за ХТВ Заев вели „ Ако јавно нападнете граѓани, кои се повеќе од 20 проценти во Македонија, тие ќе се бранат“. Првичната дилема е кој тоа „нападнал“ некого, додека втората е од каде Заев шпекулира со процентуалната застапеност на етничките Албанци во Македонија.

zaJev

Заев всушност се обиде да се повика на предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ за федерализацијата на Македонија, план со кој што Заев настапуваше во изборната кампања, за политипни општини, двојазичност на цела територија, формирање на бинационална држава, проект со кој договараше „редефинирање“ на државата со БЕСА, и со план со кој што јасно настапи пред албанската дикаспора и, конечно, освои десетици илјади албански гласови.

Всушност, Заев со ваквите ставови ја брани сеалбанската платформа од Тирана, наведувајќи и дека неговиот „политички опонент, поддржан од претседателот, алудира на поделба, федерализација, на уништување на унитарниот карактер на државата“. За него не е спорно тоа што се бара интервенции во Уставот, двојазичноста и федералните карактеристики со кои се нарушува унитарниот карактер на државата. Не му е спорно, бидејќи и самиот тоа го договараше.

Сепак, интересно е што во екот на почетокот на политичката криза, Заев и неговите платеници на сиот глас тврдеа дека изборите се добиени со гласачи „фантоми“, дека од Македонија се иселени 600.000 Македонци, дека половина милион гласови од Избирачкиот список се непостоечки.

sdsm-soros-fantomi-420x240

Кога ДИК во првиот налет на чистење наиде на околу 90.000 спорни гласачи- етнички Албанци, тоа набрзина беше тргнато на страна од проблемот. Имајќи предвид дека најголема болка на Заев му беше гласањето на дијаспората, очигледна е намерата на Заев да ги исчисти само Македонците.

Целата операција всушност требаше да произведе што поголем процент на Албанци, за да може потоа што полесно Заев да го спроведе сето ова на кое Македонија сега се спротивставува.

Сега станува јасно што мислел Заев со тоа „одење преку Рамковниот“ со кое стана кандидат на албанската дијаспора. Без попис, уште поточно пред попис, Заев заговара и оди кон нарушување на унитарниот карактер на државата. Чистењето на Македонците преку Избирачкиот список не успеа. Нема да успее ниту оваа лажно наметнување дека Албанците биле „нападнати“, ниту пак Заев ќе добие шанса, без поддршка од народот, да „оди преку рамковниот“ и да ја федерализира државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This