ЗАЕВ, КАЦАРСКА И ГОСПОД: За истото обвинение „падна“ и екс-градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски, Заев беше ослободен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После вчерашната драконска пресуда од 9 години затвор, судиите од скопска единица се згадени од дното кое се допре со ваквиот начин на постапување. Гласно се зборува по ходниците за тоа колку е висока и нереална изречената казна затвор. Но, од кого е, не е ни чудо. Ова веќе нема никаква врска со правда, со доследна примена на закони, со еднаквост на граѓаните пред законот и со слични демократски постулати. Ова е чин на демострирање сила. Ова е изживување со обвинетите од СЈО. Едно е дали е некој кривично одговорен, а друго е колку за тоа ќе биде казнет. Во вчерашната пресуда на судијата Добрила Кацарска се гледа огромна омраза кон членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и сите функционери од нивно време.

Скандал повеќе е ослободителната за Заев. Како ли само можеше онака безочно да се појави пред сите тие микрофони и камери на медиумите во понеделникот и мртов озбилен да каже дека ја докажал сопствената невиност. Да не беше трагично, ќе беше пресмешно. Истиот оној Заев кој до пред да му ги наместат судиите миленичиња на СДСМ во одделот за организиран криминал, околу судот не поминуваше ни на одалеченост од 2 км. Одеднаш тој со своите адвокати мирно стои во судската сала, објавата на пресудата се снима тонски и се пренесува во живо. Нарачка директно од него. Да се покаже колку е тој чист пред граѓаните. Ко о чему, Заев о поштењу.

Но, за да не зборуваме во празно, еве еден конкретен пример од кој ќе се види дека судот и судската пракса добро знае како се дава осудителна пресуда за идентичен случај. Имено, чесниот ни премиер се правда дека парите биле за црква, па ни помалку ни повеќе вели „…како што повеќе други бизнисмени на идентичен начин донирале“. Но, оштетениот Иван Николов Сачавалиев го наместил. Се обидел де… Чесните Господ ги чува, понекогаш и обвинителството, па така „стручната“ обвинителка Валентина Бислимовска се одважи да поработи малку, за да не биде ептен апла да го повлече целото обвинение, па демек го прецизираше троа, не примил поткуп, само барал, понизок степен на коруптивност, човекот премиер е-нема смисла…но, битно отпаднаа ПИМ-ките, па доказите се сведоа на еден единствен доказ – исказот на оштетениот Сачевалиев, а тој бил конктрадикторен, несигурен, бла бла… во тој стил нешто таму објаснуваше судијата Дарко Тодоровски, инаку рекордер во укинати одлуки од Апелација, а да.. и брат на познат активист на СДСМ – Јордан Тодоровски, а да… и „близок пријател“ на судијата Зоран Димитриевски.

Но, да се вратиме на темата за фамозната ослободителна, која му го избели образот на чесниот ни Премиер. За воља на вистината, се уште паметиме дека во далечната 2008 година, градоначалникот Кирил Тодоровски беше осуден за истата работа за која Заев беше ослободен. Имено, тој и неговите соработници се товареа за примање поткуп, пари кои наводно требало да бидат донација за доизградба на црквата „Свети пророк Илија“ во Општина Аеродром, а за возврат приватниот инвеститор кој требало да гради на плац во близина на хемиско училиште требало да добие маркичка. За ова, Тодоровски и двајца негови соработници беа притворени, а две жени обвинети беа во куќен притвор. Тодоровски на крајот доби 3 години затвор иако тврдеше дека е невин и дека го наместиле, исто како што сега тврди Заев, но за разлика од вториов среќлија, Тодоровски доби и одлежа 3 години затвор. Само да се знае. Не е Заев првиот кој бил обвинет за вакво нешто, па да ни кажува сега колку му бил бел образот. Но убаво напиша Саше Димовски – ниту судството се сменило, ниту немало докази, единствено ги ставија „најстручните“ судии во ОРГ.

 

После вчерашната драконска пресуда од 9 години затвор, судиите од скопска единица се згадени од дното кое се допре со…

Posted by Natalija Ivceva on Wednesday, May 23, 2018

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This