ЗАЕВ КАЈ БОЈКО СЕ ФАЛЕЛ ДЕКА ЌЕ АПСИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Ексклузивни детали од разговорот помеѓу Заев и Борисов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Република“ дојде до ексклузивни детали од средбата меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов што се оствари на 20 мај, во рамките на првата работна посета на Заев на Софија.


Како што дознаваме, на средбата Бојко Борисов, како поискусен, го посоветувал помладиот колега дека е добро да најде заеднички јазик со ВМРО-ДПМНЕ за договорот за добрососедство што треба да се склучи со Бугарија. Ова го кажал Борисов, пред се, затоа што во интерес на Бугарија е договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија да го профати и опозицијата во Македонија за да се осигура дека кога ќе се врати на власт, нема да се јават проблеми или да дојде до евентуално поништување, независно дали пред или по влезот на Македонија во ЕУ и НАТО.

На изненадување на бугарскиот премиер, Заев одговорил дека има друг план наместо да седнува и да се договара со ВМРО-ДПМНЕ. Тој му кажал дека планира да уапси поголем дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ наместо да преговара и на тој начин засекогаш да ги елиминира челниците на партијата од политичката сцена.

Бојко Борисов останал збунет од одлуката на македонскиот премиер.

Инаку Зоран Заев е многу поуларен и има силна поддршка во Бугарија откако во почетокот на аферата со бомбите тајно заминал на средба во бугарската влада и предал дел од креираните снимки на македонски политичари кои се однесуваат на Бугарија, поврзани со преговорите за договорот за добрососедство и пријателство и сл. Тоа ја импресионирало Бугарија и оттогаш Заев ја има бугарската наклонетост и добива сесрдна поддршка и помош од источниот сосед.

Пред да стане премиер, Заев бил во Бугарија уште најмалку трипати, од кои еднаш и официјално. Се смета дека уште тогаш го има договорено потпишувањето на договорот, а средбата што ја оствари пред десетина дена, официјално како премиер, и најавеното кафе пиење на МНР се само формалност заради јавноста.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This