April 20, 2024, 12:27 pm

ЗАЕВ КОНЕЧНО ПРИЗНА ЗОШТО ГО ДОНЕСОА НА ВЛАСТ: Ги загубив изборите, се очекуваше од мене да потпишеме договор со Грција и Бугарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конечно момент на искреност од страна на Зоран Заев. Имено во вчерашното интервју претседателот на Владата конечно призна поради која причина тој беше доведен на власт иако ги загуби парламентарните избори на 11 декември 2016. Заев во своето гостување во емисијата 360 на Алсат, призна дека бил донесен на власт за да склучи договор со Бугарија и со Грција и да обезбеди 80 пратеници. Меѓу другото тој конечно призна и дека ги загубил изборите и дека не ја добил поддршката на граѓаните на предвремените парламентарни избори.

-Се очекува Македонија да ја внесе во НАТО и во ЕУ, да склучи договор со Бугарија со Грција да обезбеди 80 пратеници иако тргнав со 49. Не ја добив бе Васко (поддршката на гласачите), 49 добив. Изгубив парламентарни избори. Така? 49! Не, не, не на локалните избори, таму градоначалниците и советниците ја добија поддршката. Јас добив 49 пратеници и денеска имам 80 пратеници. И никој мене не ме прашува како тоа се постигна колку тоа енергија е потребна за разговори со луѓе, вели Заев.

Да потсетиме претходно дека Заев ветуваше дека нема да има промена на Уставот и дека нема да го менува името, а вчера призна зошто бил донесен ,,за уши на власт’’.
„Додека дишам, додека го држам овој Македонски воздух и додека ме држи памети и додека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас мојот син и мојата ќерка сме Македонци родени овде во Македонија тоа нема да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија подготвен да излезе пред Парламент да бара промена на Устав заради промена на уставното име“ – рече Заев во интервју за локална телвизија пред изборите на 11-ти декември.

 

Сепак избликот на искреност кај Заев не заврши тука па така тој призна и дека се договорил со осумината одметници, пратеници за амнестија во замена за нивниот глас за уставни измени.
-Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, рече Заев.

Да потсетиме што говореше Заев и за амнестијата:
„Стратегиска цел на нашата земја и на сите парламентарни партии е полноправното членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Компромиси нема. Амнестија директна или индиректна – нема.

СДСМ ќе се обиде да обезбеди 80 пратеници во Собранието за гласање на Договорот од Преспа. Ако нема мнозинство веднаш ќе се оди на предвремени избори, соопштија од СДСМ, по состанокот на извршниот комитет две недели дена пред да се гласа за уставните измени во Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This