April 20, 2024, 12:37 pm

ЗАЕВ КОНТРАДИКТОРЕН, ШТО СЕ КРИЕ ВО СЛУЧАЈОТ „МОНСТРУМ“: Азири, обичен земјоделец или припадник на криминална група?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зошто се разликуваат позициите на премиерот Заев за „Монструм“ пред да седне во владејачката фотелја заедно со Ахмети и денес? Контрадикторните изјави на премиерот Заев пред три-четири години и сега, ја подгреваат тензијата кај семејствата на убиените момчиња и кај семејството на рибарот,но и кај јавноста. Зошто вистината се крие од нив? Им ли друга вистина како што зборуваше Заев во времето на неговите така наречени бомби? Зошто истрагата почнува од почеток, а нема ново обвинение, се анализира во емисијата на Катерина Гетева „Несомнено“.

Мајката на убиениот Александар пред само една недела во судница под целосна морална и кривична одговорност рече дека Заев им дал да слушнат само еден телефонски разговор во кој обвинетиот Фејзи Азири на непознато лице му раскажува сон. Според Наќевска Заев не им дал да ги слушнат другите телефонски разговори со образложение дека се државна тајна.

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзував рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да е се израдувам да не го довршив тој никаквец“

Заев им кажал дека ги обелодени сите разговори за да се чуела вистината.

Викендот Заев на прес конференција кажал дека броевите на функционерите на ДУИ не биле тајна и оти им ги покажал сите разговори на родителите кога биле кај него на Бихаќка.

И покрај тоа што Заев уверува дека се што имал им дал на СЈО, родителите на убиените деца на Велики Четврток се убедени дека во фиоките на СДСМ има уште разговори.

Горан Наќевски татко на убиениот Александар во изјава пред суд изјавил: „Бараме претрес да се изврши во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме.“

Семејствата на петмината убиени остануваат во агонија бидејќи како што велат политичкиот пазар Ахмети и Заев ја остави правдата со куси ракави.

Семејствата на убиените на последното рочиште кажала дека Заев им рекол дека возилото со кое се пренесувале извршителите на убиството било на МВР. Но, подоцна од блиски луѓе од МВР семејствата разбрале дека такво возило нема. Со што сите овие информации и нејасност ја подгреваат дилемата за тоа кога Заев ја говори вистината?

Во продолжение погледнете го видеото од „Несомнено“.

 

Обичен земјоделец кој се занимава со сточарство и живинарство или припадник на криминална група која стои зад ликвидацијата на петтмината лица на Велики Четврток кај Смилковско езеро анализира Катерина Гетева во нејзината емисија „Несомнено“.

-Во ноември 2009 година името на Фејзи Азири влезе во полициска истрага поради вооружен инцидент што се случи тогаш во скопското село Белимбегово. На 22 ноември, недела, двајца трактористи од Ропалјце и еден од Арачиново одвај извлекоа жива глава додека ги ораа нивите во атарот на скопската населба Илинден кои биле земени под концесија од живинарската фарма Белимбегово. Истрелите од огнено оружје ја прекинаа есенската сеидба, трактористите кои ги слушната рафалите ги оставиле тракторите и побегнале. За среќа повредени и загинати немаше, анализира Гетева.

По овој настан само после два дена полицијата излегла со првични информации, дека на лице место се најдени 60 фишеци. По претресот на еден од хангарите на фармата пронајдени биле 5 автоматски пушки, со седум рамки и 60 куршуми. Оружјето било скриено во балирана слама, во хангарот била пронајдена и една пушка со ознака Ц3 и паковка со 45 куршуми. Инцидентот се случил во 9 часот наутро кога неколкумина напаѓачи отвориле оган кон трактористите кои ги орале нивите земени под концесија. Но, кога почнало пукањето ги оставиле тракторите и избегале, но напаѓачите тргнале по нив и продолжиле со пукање.

По целиот настан напаѓачите влегле во хангарот каде што о скриле оружјето и избегале, а неофицијалните информации биле дека имало недоразбирање меѓу сопственикот на  халите и газдата на околните ниви кои живинарската фарма исто така ги дала под концесија.

МВР имаше уапсен и осомничен за инцидентот Фејзи Азири, истражен судија тогаш му одреди 30 дена притвор. Беше утврдено дека ловната пушка кој што била пронајдена во хангарот Азири ја поседувал со дозвола. Тој со ловниот карабин Ц3 испукал неколку проектили во воздухот. Оружјето што полицијата за време на претресот го нашла во халите не знаел дека е таму, тврдел Азири, открива Гетева.

И покрај тоа што во целиот настан учествувала поголема група, само Фејзи Азири бил кривично гонет за нелегално поседување на оружје и осуден на 6 и пол години затворска казна, која што почна да ја издржува пред една недела откако претходно 40 дена бил во бегство.

Три години подоцна фармата во Белимбегово и Фејзи Азири повторно се најдоа под лупа на обвинителството, односно сега обвинети за тероризам. Азири, неговите внуци Али Демири и Хаки Демири како и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ и Саи Љута стојат зад петкратното убиство кое се случи кај Смилковското езеро, на Велики Четврток на 12 април 2012 година.

Во текот на првата судска постапка помалку беше нејасно зошто обвинителката Гордана Гешковска имаше голем интерес за фармата на Фејзи Азири во Белимбегово. Меѓу првите рочишта се случуваше Гешковска сведоците во постапката да ги испрашува за фармата на Фејзи Азири каков добиток и живина одгледуваат со што ги хранат, кој и што работи во фармата. Дали неговите внуци Демири и Азири доаѓале на фармата?, додава Гетева.

Подоцна во јавноста излезе информација дека чудните прашања на Гешковска биле тесно поврзани со наводно телефонските разговори меѓу обвинетите. Според обвинителката обвинетите кога разговарале на телефон, зборувале со шифри, така што за оружје и муниција користеле термини поврзани со сточна и живинска храна на фармата.

Фармата на Азири била семеен бизнис а под концесија на него име имал и 40 хектари земјиште околу Смилковско езеро, каде што на Велики Четврток пред 6 години се случи петкратното убиство.

Обиколницата парцелата ја дели на два дела, еден дел во село Смилковци, другиот дел кај езерата. Државата го раскинала договорот со Азири по петкратното  убиство.

-Фејзи е чичко на Хаки Азири, а вујко на Алил Демири. Во обвинението за гонење на организиран криминал, тој во првичната судска постапка беше обвинет дека по убиството го организирал бегството на Демири Исмаиловиќ, кажа Гетева.

Што пишува во обвинението за Фејзи Азири кое што сега треба да го застапува СЈО, се уште не се дознава бидејќи минатата недела кога требаше да започне рочиштето, но Азири бил задржан на Клиниката за пулмологија. По болничкиот третман Азири полицијата го приведе и го однесе во затворот во Штип за издржување на затворска казна за инцидентот на фармата во Белимбегово.

Фејзи Азири ќе биде единствениот од обвинетите за Смилковскиот масакар кој во Скпскиот кривичен суд на 16 мај ќе дојде придружуван со судска полиција. Останатите обвинети ќе се бранат од слобода, така одлучи Врховниот суд по барање на Вишото јавно обвинителство, случајот го врати на повторно судење, а со ова ја поништи пресудата на Апелација и на Кривичниот суд кој досудија доживотна затворска казна за тероризам и помагање на тероризам, вели Гетева.

Таа во Несомнено открива дека и како доказ во овој случај се и бомбите кои што ги има Специјалното јавно обвинителство, а ги достави Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This