ЗАЕВ КОНТРА ТЕВДОВСКИ: Премиерот и министерот за финансии со различни ставови околу ребалансот на буџетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев и министерот Тевдовски со контрадикторни ставови во однос на тоа дали ќе има ребаланс на буџетот. Според првиот финансиер, ликвидноста на државната каса е одлична и нема потреба од ребаланс. Вели дека анализи секако се прават и оти ако има потреба да се направат некои корекции – тоа ќе биде соопштено.

-Сите макроекономски индикатори се одлични и се позитивни и се движат во позитивна насока. Ликвидноста на буџетот е одлична и веројатно прв пат по многу години имаме одлична ликвидност на буџетот и можеме да реализираме се, односно не постои ништо што чека во трезорот на Министерството за финансии, рече Тевдовски.

Од друга страна, пред два дена премиерот Заев најави ребаланс во октомври.

Во меѓувреме, продолжува трендот на слаба реализација на капиталните проект. Во првите седум месеци потрошени се само 80 од предвидените 400 милиони евра. Но и покрај ваквата состојба Тевдовски не прецизираше дали остануваат проекциите за раст на економијата од 3,2 отсто до крајот на годината.

Заев вчера најави дека вториот квартал очекува да се заврши со раст меѓу 2 и пол и четири проценти.

Анализата на Сител, погледнете ја во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This