April 19, 2024, 11:38 am

ЗАЕВ ЛАЖЕ СУШИ: Заев повторно дрско го излажа судот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патолошкиот лажго Зоран Заев, ниже лаги без грам срам. За него е небитно кого ќе вмеша во лагата, дали тоа е обичен граѓанин или амбасадор, оти и едните и другите имаат нула вредност за него. Заев веќе не бира ни зборови ни средства.

zaev4

Зоран Заев вчера цел ден лажеше и цел ден го демантираа а со тоа ни приреди една трагикомична претстава.

Лидерот на СДСМ најпрво лажеше за кривичната постапка против обвинителот во случајот „Поткуп“, Владимир Милошевски. Лидерот на СДСМ лажно изјави дека обвинителот бил под истрага за кривично дело.

-Правно формално тоа право го имаме заради тоа што обвинител кој што е под истрага за кривично дело, на основа на кривична пријава, дека тоа го прави од политички причини, дека прави тортура врз мене и врз моето семејство, ја објавува снимката, рече Заев.

Сепак, и оваа лага на Заев веднаш беше разобличена и тоа директно од СЈО.  Од Специјалното јавно обвинителство велат дека добиле кривична пријава од СДСМ против Милошевски и други непознати лица и дека е оформиле предмет, но додаваат дека не се води постапка против конкретното лице.

zaev-sud1

 

-Предистражната постапка по овој предмет не се води против конкретно лице, туку се води како настан во рамки на кој се испитуваат евентуални кривичноправни аспекти поврзани со наводите во кривичната пријава, изјавија од СЈО.

Инаку, случајот „Поткуп“ вчера беше одложен по 6-ти пат, а причина за тоа беше наводна средба на Заев со италијанскиот амбасадор во земјава, Kарло Ромео. Сепак.  Евтината лага на Заев ја разобличи лично италијанскиот амбасадор, кој демантираше дека денеска имал средба со Заев.

Ромео на Твитер напиша дека денеска немал средба со никого и секоја различна информација е целосно неточна.

karlo-romeo-n

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This