April 26, 2024, 12:45 pm

ЗАЕВ: Лазе е наш, ние сме негови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се врати од годишен одмор и присуствуваше на панел-дискусијата што се организираше по повод годишнината од Охридскиот рамковен договор. Тој, сепак, не даде изјава за неговиот предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, откако во јавноста беше обелоденето и МВР потврди дека телохранителот на Велковски ја пратил својата ќерка на одмор во Евридики со полицискиот џип „ренџ ровер дискавери спорт“.

По аферата, единствено премиерот Зоран Заев излезе со јавен став за предлогот за разрешување. Тој тврди дека зад барањето за разрешување не се кријат никакви внатрепартиски пресметки и порача дека Велковски е припадник на владејачката партија СДСМ, човек професионалец, но направил грешка и за тоа мора да понесе одговорност.

„Велковски е припадник на СДСМ и верува во политиките на Социјалдемократскиот сојуз и секогаш важел за сплотувачки фактор во партијата. СДСМ е единствен и е сплотен, посебно пред важни моменти и апсолутно овде се работи само за чин на понесување на одговорност. Се работи за понесување на одговорност, она што го очекуваат граѓаните од политичарите, од носителите на јавните функции“, рече Заев.

За денеска напладне е закажана владина седница на која под точката кадровски прашања ќе се разгледува предлогот на Спасовски кој е и на чело на кадровската комисија на владата. Сепак Заев очекува Велковски да остане во Министерството за внатрешни работи каде ќе придонесе со своето искуство.

„Јас верувам дека тој ќе остане значаен фактор во Министерството за внатрешни работи заради тоа што е важен со неговото искуство и е од помош на државата и државата треба да продолжи да го користи неговото искуство. Исправен пред заканата и пред одредени закани кои од минатото биле насочени кон него и неговото семејство направил грешка и за таа грешка секако треба да се понесе одговорност“, објасни Заев.

„Немаме ни размислувано. Не се ни надевавме дека ќе дојде до таква грешка. Немаме размислувано за негов наследник. Верувам дека ќе ни треба и време и добра анализа да најдеме вистинско решение за ова место, секако доколку владата го прифати предлогот на Спасовски“, вели Заев.

Извесно е дека Велковски ќе понесе одговорност за грешката што ја направил, а вицепремиерот Кочо Анѓушев, и покрај скандалот со доделувањето на грантовите, останува верна сенка на Заев. Премиерот вели дека законот е еднаков за сите и дека Владата нема двојни аршини за функционерите.

Обвинителството отвори постапка за доделувањето, но сè уште нема отворено истрага. Денеска Фондот за иновации треба да соопшти дали сите компании што добиле грантови дале изјави за нивната сопственичка структура и дали кај некоја од компаниите има конфликт на интереси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This