ЗАЕВ: Мисијата на св. Кирил и Методиј за описменување меѓу првите примери на поврзување различни култури

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 24 Мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј. – Почитувани граѓани на Република Македонија, честит 24 Мај

– Ден на Светите браќа Кирил и Методиј! Денешниот празник, 24. Мај, Денот на сесловенските просветители повикува да го одбележиме извонредното епохално и просветителско значење за Европа, светот и Македонија, изразено преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век. Целта на мисиите, покрај христијанизација, описменување и просветлување, била и остварување на теолошка апологија на старословенскиот јазик и неговото користење во божјите служби кои дотогаш во Европа се вршеле само на три јазика – на латински, грчки и германски, се вели во честитката.

Темелот на тој културолошки процес, се наведува во честитката, бил создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна од неговите следбеници, пред сѐ, свети Климент Охридски, ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо. – Намерата на нивната мисија е Библијата да биде достапна за сите Словени. Нивната мисија тогаш имала наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога. Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите. Просветителската мисија на светите браќа Кирил и Методиј беше инспирација и за работата на просветните работници и институции, и во оваа прилика упатувам и честитки и по повод Денот на просветните работници, стои во честитката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This