ЗАЕВ МОЛИ ЗА „2%“ РЕЈТИНГ: За да не пропадне референдумот, Заев го моли Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го означи почетокот на кампањата за референдумот. Тој испрати орхабрувачки зборови кон присутните и целокупната јавност во Македонија, за еден месец да излезат и да гласа позитивно на референдумот.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

Зоран Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на кампањата за европска Македонија, која денеска беше промовирана, во пресрет на референдумот за прифаќање на договорот со Грција, што ќе се одржи на 30 септември.

-Денес е важен ден за иднината на Македонија. Стоиме пред историски настан. Заедно сме здружени околу 100 субјекти и од овој момнет го одбројуваме денот кога народот ќе излезе за европска Македонија. Постои една директна линија од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година. Ја обезбедуваме иднината на нашата земја, со потврден македонски јазик, химна и знаме. Иднината на нашите деца е поважна од сите политички партии заедно. Треба да ја прифатиме оваа шанса за промена и заедно да тргнеме кон нашиот марш кон ЕУ и НАТО, истакна Заев.

Тој кажа дека над 100 субјекти се здружија во оваа коалиција и дека бројката ќе расте, споредувајќи го претстојниот референдум со гласање за втора независност на Македонија.

Исто така, премиерот верува дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот, а како што рече, политичките битки ќе си останат.

-Критикувајте нè за договорот со Грција, но не ја пропуштајте оваа шанса. Знам дека и ВМРО-ДПМНЕ е за европска Македонија и затоа ја повикувам да ни се приклучи на тој пат. Изградивме силна коалиција со учество на над сто субјекти од сите сфери на општеството, кои ги прифаќаат промената и надежта, кои веруваат во иднината на Македонија, изјави Заев.

-Ги повикувам сите да се приклучлат на тој пат. Убеден сум дека и ВМРО-ДПМНЕ има силни причини да се приклучи на референдумот. Ги повикувам да се приклучат и да покажат дека ЕУ и НАТО се над дневната политика. Започнуваме кампања за придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, ќе обајасниме дека Договорот со Грција е договор за македонската иднина. Во време на несигурност, ја ставаме Македонија заедно со најсилни земји во светот, рече Заев пред присутните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This