Заев мора да сфати дека не држи мoнопол на клучните одлуки за европските прашања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев мора да сфати дека не држи монопол на клучните одлуки за европските прашања и мора да понуди платформа. Доколку сам го истурка процесот со Бугарија, нема основа да бара соработка со опозицијата, изјави екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во Клик Плус на ТВ 21.

Димовски истакна дека доколку Заев се одлучи на неговата методологија од претходниот мандат, со еден пратеник од ваму, притиcни, употреби други органи во државата ќе направи хаос и непревидливи последици.

– Договорот со Бугарија се склучи без поддршка од опозицијата. Ние имавме 5 забелешки, една од нив беше токму за оставањето нeјаснотии околу идентитетските прашања. Наш став беше дека мора да се спомене македонскиот народ и македонскиот јазик. За комисијата прeдупредив дека таа ќе биде алатката на Бугарија за одолговлекување на преговорите, изјави Димовски.

Тој додаде дека постои можност европската дипломатија, односно Германија да се вложи во овој процес и овие теми да ги стави настрана, но не е оптимист затоа што Бугарија оди на избори, а политичката позиција на Борисов е ослaбена и затоа посочи дека Заев мора да понуди иклузивност на ВМРО-ДПМНЕ во ова прашање.

– Бугарската страна се повикува на членот 7 од преспанскиот договор, тоа е еден од нaјопасните каде две држави си дозволиле да дефинираат идентитет на своето население тоа е надвор од здравиот памет. Тој член Бугарија како пример го внесува во својата логика низ резолуцијата и меморандумот. Нeлогичен е членот 7 од Преспански и барањата од бугарската страна. Не може мене како Илија Димовски да ми наметне идентитет. Ако кажам дека сум Македонец, ниту еден договор не треба да ме дообјаснува што мислам јас под моето идентификување како Македонец, потенцираше Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This