ЗАЕВ НАПРАВИ УПAД ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ: Со негова наpедба cменет Вангеловски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се остварува наредбата на Зоран Заев за paзpешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Денеска Судскиот совет одржа нова седница на која беше разрешен Вангеловски. Имено на денешната седница се расправаше за разрешувањето на Вангеловски од досегашната позиција. Неговото разрешување го пропратија низа на скандали, пред се поради изјавата градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Пред точно еден месец тој јавно кажа дека врз него се вршени пpитисоци, лично од Зоран Заев во насока на разpешување на Вангеловски од позицијата претседател на Врховниот суд. Беџети тврди дека премиерот Заев му се јавил на 17-ти јули и побарал помош за смена на претседател на суд, работа која требало да биде завршена до септември. Дојде и септември и токму сега на дневен ред се најде разрешувањето на Вангеловски.

-Јас ова барање на премиерот Заев го одбив. Две недели потоа се јави Државната комисија за спречување на корупцијата со пријава против мене. Ова е корумпирана комисија. Сигурен сум дека ваквите дејства се последица на тоа што го одбив премиерот да им кажувам на одредени членови како да гласаат, рече Беџети.

Зоран Заев не демантираше дека разговарал со Беџети за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд. По изјавата на градоначалникот на општина Сарај, лерим Беџети, дека Заев му се јавил и побарал од него да влијае врз членовите на Судскиот совет за менување судија, премиерот на својот Фејсбук напиша дека разговарал со Беџети за многу работи, меѓу кои и за шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет.

Денешната седница на судскиот совет е само уште една потврда за целосната контрола на правосудството од страна на власта на чело со Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This