Заев научил „копи-пејст“ – Ветените проекти од пред 4 години повторно буџетирани во 2021 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со буџетот наместо за граѓаните има бенефит само за бизнисите на Зоран Заев. Нема инвестиции, а најголем дел од трошењата се неродуктивни, изјави денеска Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на премиерот.

– Заев посветил цела тема од неговата прес конференција на марихуаната и дополнителни законски решенија и поволности за одгледувачите на медицински канабис, бизнис во кој длабоко е влезено неговото семејство и каде се вртат милиони.Очигледно Заев не гледа подалеку од својот профит, и додека Заеви нижат милиони, народот брои денови за до крај на месец – рече Димитриеска Кочоска.

Денеска се изнаслушавме само нови лаги, додаде таа, а ги гледаме истите стари практики. Гломазен и нереален буџет од над 4 милијарди евра, пари кои се фрлаат низ ветар.

-Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции.Уште поедноставено, од 1000 денари кои ги има власта преку буџетот, само 93 денари одвојува за иднината и развојот на државата, сите други пари се трошат непродуктивно и за таканаречена купи ден продај политика.А најжално од се е тоа што оваа влада ги нема тие 1000 денари, туку само 859 денари, останатите 141 денар таа ги позајмува, рече Димитриеска Кочоска.

Таа ги спореди  издвојувањата за инвестиции во земјава и Косово каде што  на македонските 347 милиони евра ни од далеку не се со косовските една милијарда евра.

Според неа  Заев е убедливо најслаб во регионот, и нема план за развој.

Таа ги повтори сите ветувања на Заев од  2017 година кои ги ветува и сега:
1. Заев го вети Коридорот 8, уште пред да дојде на власт, 4 години немаме никаков напредок на градежните активности на истиот.
2. Заев вети гасификација, 4 години процесот тапка во место, уште не е реализирана ниту примарната гасоводна мрежа, а требаше да се пристапи кон секундарната и терцијалната.
3. Заев вети реформи во судството, а наместо реформи го зароби судството и спроведе невиден политички прогон.
4. Зоран Заев ветуваше чист воздух веднаш, 4 години подоцна додека Скопје се гуши, Заев ветува чист воздух повторно.
5. Заев вети еколошки транспорт во Скопје, 4 години ништо не направи.
6. Заев вети бесплатно здравство, а луѓе преку СМС пораки се уште собираат донации за лекување, дури и од ковид.

Димитриеска Кочоска го повика економскиот тим на Владата да излезе и конкретно проект по проект износ по износ да објасни каде се наоѓаат сите изнесени лаги во ставките на буџетот за 2021 година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This