ЗАЕВ НАЈАВИ УШТЕ ЕДЕН АМАНДМАН НА УСТАВОТ: Дали петтиот амандман на Уставот ќе значи федерализација или двојазчиност во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат киксовите на Заев и пратениците на СДСМ од собраниската говорница. Имено денеска во своето обраќање пред пратениците Зоран Заев најави и петти амандман на Уставот кој покрај претходните четири ќе стане дел од уставните измени.

„Ние сме само изработувачи на нацрт-амандмани и заедно ќе ги работиме ако треба и овде во Парламентот ќе доаѓаме од Владата за да го потврдиме идентитетот, македонскиот јазик дали во постојните амандмани или ќе изработиме и петти амандман. Грција нема ништо против нашиот идентитет и нашиот јазик. Спремен сум да разговарам со грчката страна затоа што тоа не е спорно. Проблемот е во разграничувањето на Северна“, вели Заев.

Претходно со предложените 4 уставни амандмани се предлага во целиот текст на Уставот пред Република Македонија да се додаде Северна, измени во преамбулата на Уставот со бришење на конкретни документи на АСНОМ, гаранција за трајноста на границите на соседите и грижа наместо за македонското малцинство за македонската дијаспората во странство. Никој не знае за што се работи петтиот амандман кој што го најави Заев, но ваквата негова изјава отвара простор за шпекулации со оглед на фактот што тој редовно ги менува своите ставови.

Да се потсетиме дека пратениците на БЕСА и Алијансата за Албанците во замена за својот глас за уставни измени побараа и албанскиот јазик да стане службен во Македонија, а нивната желба за федерализација секој пат ја прикриваат со децентрализацијата на општините. Дали впрочем со оваа изјава Заев најави федерализација на Македонија и службен статус на абланскиот јазик во Македонија?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This