ЗАЕВ НА ИЛИНДЕН КАЈ БОЈКО ВО БУГАРИЈА: „Съединението прави силата“ му порача Александар Пандов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар Александар Пандов иронично му порачува на премиерот Зоран Заев дека силата е во единството пред заминувањето за Горна Џумаја, каде што со Борисов, втора година по ред, ќе го прославува Илинден.

„Заев утре ќе го славел Илинден заедно со Борисов во Горна Џумаја, јасно да покаже дека ние сме “един народ две държави”, а и да провери до каде е стигнато со составувањето на новата, “заедничка” историја. Само напред друже, съединението прави силата“.

Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов утре во во Благоевград заедно ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание, соопшти владината прес-служба.

Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.

Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This