ЗАЕВ НА НЕНАЈАВЕНА СРЕДБА СО РАМУШ ХАРАДИНАЈ: Заев “опуштено” кај Харадинај заборави на екстрадицијата на двајцата барани за “Монструм” – коалицијата со ДУИ кризира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев со сопругата денеска заминал во опуштена неофицијална домашна посета кај косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Ова заедничко опуштање не им е прво, но веројатно на ниедна од нив на Заев не му паднало на памет да побара испорачување на двајцата кои се обвинети за случајот “Монструм”, а се пребегани во Косово кое не ги испорачува ни по официјалните барања од македонските власти.

Дали ова денешно неофицијално семејно дружење е меѓусебно честитање за ангажирањето на Командант Хоџа за советник, но и дел од “големите работи” за кои Заев и Харадинај биле подготвувани “од пријателите од надвор”, како што наведуваше Заев пред неколку години во пораките до Мендух Тачи од ДПА, не е познато.

Само Харадинај преку социјалните мрежи објави дека Заеви му се на гости во неговиот дом.

„Заедно со Анита, го пречекавме во нашата куќа мојот пријател и колега, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица, со желба нашето пријателство да рефлектира во односите помеѓу двете држави и нашите народи“, напиша Харадинај на Фејсбук.

 

Претходно медиумите на албански јазик објавија дека владее криза во владината коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, поради која на Мала Речица биле спремни да ја ревидираат одлуката за коалицирање со Заев.

„Во полицијата, царината, УЈП, обвинителството, судовите и други институции каде што административци од албанска националност биле вработени, досега никој не е контактиран и за никого не е најдено соодветно место за да почнат да одат на работа. Накратко, институциите контролирани од СДСМ го блокираат прифаќањето на Албанските административци. Едноставно, не ги прифаќаат. За работни места биле контактирани само вработени во локалните самоуправи и институции лоцирани во Тетово. Ако продолжи вака, ДУИ ќе мора да свика итен состанок за да ја испита насоката во коалицијата со Заев“, изјавил функционер на ДУИ, пренесува ТВ Коха.

Медиумите од соседна Албанија пак, објавија дека Заев во текот на вчерашниот ден имал таен состанок со лица блиски до премиерот Еди Рама, а денес, пред да биде објавена фотографијата на социјалните мрежи, лиферуваа информација дека коалицијата ќе се стабилизира и преку влијанието на Рамуш Харадинај.

Пред три години, Мендух Тачи во очи на почетокот на политичката криза која ја предводеше Зоран Заев, објави принтови од СМС пораките кои Заев му ги испраќал на лидерот на ДПА, барајќи средба со него, за како што вели дека треба да се видат за да ги реализирале „големите планови“ кои биле поддржани „од горе“.

Во комбинација тогаш Заев ги стави Харадинај и Рама, заедно со него, шема која денес се покажува како реална и детално планирана „од горе“.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This