March 29, 2024, 12:30 am

Заев на средбата со Сасоли: „Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблokира европскиот пат“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција, истакна премиерот Заев на средбата со претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли.

Претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Димитров, министерот за надворешни работи Османи и шефицата на Постојаната мисија на Македонија во ЕУ Руси-Поповска, во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли.

Премиерот Заев на средбата со Сасоли нагласи дека неговата посета на Брисел во деновите кога министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел дебатираат за стратешкиот пристап на Унијата кон земјите од Западниот Балкан има за цел да биде слушната пораката дека Македонците и граѓаните на Македонија нема да преговараат за сопствениот идентитет и нема да дозволат таа тема да биде ставена на масата за дебата во име на стартот на преговорите со ЕУ.

Премиерот Заев за време на разговорот со Сасоли упати благодарност до Европскиот Парламент за цела поддршка што континуирано ја дава за Македонија и истакна очекувања таа поддршка да биде уште понагласена во претстојниот период за да се одобри организирање на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ како почеток на процесот за пристапување на земјата во членство во ЕУ.

Претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли и премиерот Заев се согласија дека Македонија и нејзините граѓани имаат голема поддршка во ЕП и дека тој е убеден дека тоа ќе биде така постојано како охрабрување до институциите на ЕУ да го одобрат одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This