April 16, 2024, 10:19 pm

ЗАЕВ НА СРЕДБА СО МЕРКЕЛ: Денес во Берлин Заев ќе разговара со Меркел и Штајнмаер за промената на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.

Заев ја предводи владината делегација, која е во официјална посета на Германија, а во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Превидено е Заев и Меркел по средбата да имаат заедничка прес-конференција, соопшти владината прес-служба.

Македонскиот премиер за време на еднодневниот престој во Берлин ќе се сретне и со Фолкер Трир, заменик претседател на Унијата на германски комори за индустрија и трговија.

Тој во седиштето на Фондацијата „Фридрих Еберт“ ќе има обраќање на тема „Од предизвици до перспективи: демократски реформи и Евро-атлантска интеграција на РМ“. Во дискусијата ќе се вклучат државниот министер за Европа во германското МНР, Михаил Рот и претседателот на „Фридрих Еберт“ во Берлин Курт Бек.

Заев и владината делегација, еднодневната официјална посета на Берлин ќе ја завршат со вечера ко-организирана од Аспен институтот во Германија, на која се поканети германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел и пратеници од германскиот Бундестаг од различни партии, кои имаат интерес за Република Македонија, за Западен Балкан и ЕУ и за НАТО интеграциите на земјите од регионот.

Првата билатерална средба на  Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ. (МИА)

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This