ЗАЕВ НА СРЕДБА СО СУДСКАТА ПОЛИЦИЈА: Судските полицајци му се жалеа на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и советничката за правда Тања Чачарова-Илиевска денеска остварија средба со претставници на судската полиција.

Судските полицајци, како што информира владината прес-служба, му се заблагодариле на премиерот Заев за приемот и ги изложиле предизвиците со кои се соочуваат во својата секојдневна работа.

Претставниците на судската полиција со премиерот Заев се согласиле дека е потребно да се обезбеди повисок стандард и подобар социјален статус за полицијата, која ги обезбедува судовите во Република Македонија.

– Владата, која јас ја предводам, има волја и прави напори да ги обезбеди и сочува работничките вредности на сите професии и дејности и нивно соодветно вреднување, истакнал премиерот Заев и изразил уверување дека преку институциите ќе се заложи за подобар стандард и надминување на актуелните проблеми на претставниците на судската полиција.

Премиерот Заев и неговите соработници оцениле дека се посветува соодветно внимание за подигнување на нивото на професионалност на сите службени лица, преку почитувањето на соодветните стандарди.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This