ЗАЕВ НА СУДЕЊЕ ЗА „ПОТКУП“: Откако ја ислушаа целата снимка во тајност, адвокатите бараат исказот на Николов и материјалните докази да не бидат дел од постапката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатите на премиерот Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“, побараа да не се прифати како доказ во судската постапка исказот на сведокот Иван Николов.

Според адвокатите на премиерот на Македонија, врз основа на исказот на Николов не можело да се заснова судска постапка, бидејќи како што велат тој бил агент провокатор, односно бил инструиран да бара поткуп. Судскиот совет околу ова барање ќе се изјасни дополнително.

Одбраната на Заев побара и да не се земат предвид ниту материјалните докази, кои ги изведува обвинителката Валентина Бислимовска како писмени докази. Адвокатскиот тим на Заев вели дека тие докази се ирелевентни во однос на самото обвинение и не можат да ги покажат фактите презентирани во обвинението.

Судијата кој го води овој спор, Дарко Тодоровски, кажа дека дополнително ќе се изјави по ова барање.

Јавноста беше исклучена од рочиштето, во моментот кога почнаа да се слушаат телефонските разговори прибавени со ПИ мерки.

На минатото рочиште судот донесе решение со кое обвинителството може да се жали на одлуката на Судскиот совет јавноста да не биде исклучена, кога ќе се пушта снимката во судницата. Апелациониот суд треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на обвинителството, но судот се уште се нема произнесено.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This