ЗАЕВ: Неизборот на претседател значи нова политичка kpиза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува успешни претседателски избори и постигнување на цензусот во вториот изборен круг, во спротивно смета би се создало нова политичка kpиза.

–За нас очекувањето е изборите да бидат стопроцентно успешни. Не си дозволувам да коментирам што би било кога би било, очекувам и знам дека цензусот можеме да го постигнеме. Кога зборуваме за ситуации што ќе биде ако биде тогаш демотивираме излезеност. Јас верувам дека ќе имаме успешен прв круг и успешен втор круг, дека непосредните избори се подобредојдени, секогаш ни стојат на располагање алатките претседателот да се бира во Парламентот, секогаш ни стојат и алатките да ги повториме изборите. Сето тоа се наши правни можности. Но, имаме одговорност сите како граѓани да излеземе и да гласаме, да избереме претседател на нашата земја.Тоа е право на граѓаните, тие ќе си одлучат кого ќе изберат. Да не ја пропуштаме оваа шанса. Неизборот на претседател значи нова политичка kpиза, а тоа не ни треба, рече премиерот Заев на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СДСМ во врска со можноста да се отвори Уставот за да се промени начинот на избор на претседател на државата во Собранието, за што коалицискиот партнер ДУИ изрази согласност.

Според него, последните анкети покажуваат дека граѓаните чувствуваат огромна одговорност за успешноста на изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This