Заев нема да биде мандатар за состав на нова Влада?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) може да излезе со друг мандатар за формирање на Владата, а не со нејзиниот лидер Зоран Заев.
Ова би можело да биде компромис меѓу СДСМ и ДУИ, која може да се откаже од својот предлог за мандатар Албанец.

Партиски извори за ИНА изјавија дека ова прашање е на преговарачката маса, но дека сеуште ништо не е конечно, бидејќи на Заев му е тешко да се откаже, бидејќи тој е победник на изборите.

„Ова е еден од преставените предлози, бидејќи се цели да се оди со владин кабинет без багаж и без биографии вмешани во прислушувања и скандали кои беа дел од политичките судири во изминатиот период“, дознава ИНА од партиски извори.

И меѓународната заедница бара Влада со нови имиња, кои не се вмешани во прислушувања, скандали и корупциски афери, но и во други скандали, затоа што сега веќе станува збор за земја членка на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This