ЗАЕВ НЕМА ДА ГИ МЕТЕ МИНИСТЕРКИТЕ: Заев рече дека реконструкција за жените во Владата нема да има

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата, се осврна и на најавената „метла” или чистка која почна од редовите на СДСМ.

Заев рече дека реконструкција за жените во Владата нема да има, односно дека метлата нема да ги опфати нив.

Премиерот денеска не кажа дали можеби нивниот број ќе се зголеми со најавените владини промени.

За потсетување, минатиот викенд заигра метлата на Заев и беа разрешени шесте потпретседатели на СДСМ, генералниот секретар Кирацовски, на чие место дојде Николовски, тројцата секретари и координаторката на Форумот на жени.

-Ќе има промена на министерските позиции, заменици министри и други функционери во владата, како и директори на ЈП, агенции, АД во државна сопственост, секаде каде буквално нема резултат, односно се покажала ароганција, се немало доблест, се намело демократски капацитет, успешност, ќе се случат промени. Ќе бидат, исто така сериозни какви што се овде во политичката партија, бидејќи само така е во ред, рече Заев тогаш додавајќи дека ветените промени се случуваат.

Метлата стана актуелна на митинг на Пендаровски во Карпош кога Заев зборуваше за идните измени и чистка, а Дац од публика стана и му подари метла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This