ЗАЕВ НЕМА КУЌА, СТЕВО ВОЗИ ЈУГО: Александрова и Џафери кријат каде им работат ќерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски обвини дека функционерите од СДСМ кријат информации од Антикорупциската комисија и повеќе од еден месец не ѝ одговараат кои роднини и каде се вработени.

Функционерите на власта не ја почитуваат Комисијата, веројатно поведени од двајцата нејзини најизразени ликови. Оттука ќе потсетиме, Зоран Заев во својот анкетен лист нема куќа на свое име, а Стево Пендаровски поведен по постапките на Зоран Заев веројатно живее во „југо темпо“ од 90-тите години, бидејќи само тоа го пријавил во анкетниот лист! Недвижен имот Стево Пендаровски нема пријавено – рече тој.

Опозицијата Од Комисијата побарала информација за 23 лица, за роднини со звучни презимиња, а во врска со непотизам, а Антикорупциска обезбедила известувања само за четири од наведените 23 барани информации за функционери.

Значи, по барањето од Антикорупциска, најмалку 19 функционери од власта не доставуваат информации за вработување на нивни роднини, за можен непотизам. Ако за нив закон нема, тоа значи дека за нив ништо не е задолжително, нема држава, нема институции што може да ги казни – рече Стоилковски.

Тој додаде е дека било констатирано дека Антикорупциска не располага со бараните информации.

Ова е одговор од Комисијата која што е ставена во незгодно да не може да одговори во врска со барањето, доставување на информации и документи од страна на граѓанин до ДКСК! Информации кои што се од јавен карактер и треба да бидат достапни. Така што меѓу лицата кои сакам да ги прочитам за кои што се бараат информации, а не ги доставуваат до ДКСК, тоа е пратеничката Емилија Александрова од Берово, претседателот на Собранието Талат Џафери, државен секретар на министерство за локална самоуправа Кирил Парталов, а потоа градоначалникот на Општина Новаци – вели портпаролот на опозициската партија.

Тој додава дека оваа листа продолжува со директорот на рудници РЕК „Битола“ Душан Вукадиевиќ, па директорот на МЕПСО Сашо Василевски, потоа градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски за вработување на тројца роднини, па градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш за вработување на сопруга, чичко, тетин, први братучеди, една сопруга на братучедите, како и еден внук на градоначалникот.

Како и министерот кој што не поднел своја листа до Комисијата за антикорупција, министерот за економија, Крешник Бектеши за вработување на сестрата, Дора Бектеши во МЕПСО. Тоа се само дел од неколкумина кои што немаат поднесено и не ги почитуваат барањата, односно законот за доставување на информации од јавен карактер до ДКСК, ставајќи ја нејзе во незгодна позиција – рече Стоилковски.

Опозицијата порача дека ДКСК мора да покаже интегритет, јавно да ги објави функционерите од СДСМ кои што одбиваат да и одговорат, да и бидат доставени нови пријави во однос на вработувањата на своите роднини. Тие бараат од Антикорупциска да покрене прекршочна постапка против овие лице кои спротивно на закон не доставуваат информации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This