ЗАЕВ НЕСАКАЈЌИ ГО ОТКРИ ПЛАНОТ ЗА ФАЛСИФИКАТ: Однапред знае дека 903.000 граѓани ќе излезеле на референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огромен процент од граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и впрочем и дури и тие што се против, се со мали минорни бројки и тоа е дел од таа кампања што постои во Македонија, предводена од „Бојкотирам“, изјави премиерот Зоран Заев по формалното отворање на кампањата на ЕУ „Замисли иднина заедно!“.
Премиерот е уверен и дека бројките ќе растат, а изрази и надеж оти опозицијата ќе биде позитивна заради тоа што, посочи, и таа е за Европската унија и за НАТО.
– Ги знам и ги разбирам нивните несогласувања со договорот со Грција, но истовремено уште еднаш уверувам дека ако оставевме на времето никој не гарантира дека ќе постигневме подобар договор, а договорот е фер и праведен, рече Заев.
Потсети дека договорот ја гарантира европската иднина на земјата, го потврдува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, химна, знаме, грб и, како што кажа, сето она што се наши атрибути како земја, како држава, како народ, сета наша мултиетничност и различност.
– Мојата амбиција не е да постигнам резултат каде што повеќе од граѓаните ќе бидат „За“. Тоа е веќе постигнато. Тоа е јасно во Македонија. Нема друга алтернатива освен полноправното членство во НАТО и ЕУ и градење пријателство со соседите. Но, нашето лице ќе биде цензусот, односно излезноста на повеќе од 50 отсто од граѓаните од вкупниот број гласачи, а согласно последниот избирачки список тоа се 903.000 гласови кои што треба да излезат најмалку на референдумот, за да имаме донесено одлука согласно Уставот како што е пропишано, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This