April 18, 2024, 10:13 pm

ЗАЕВ НЕСАКАЈЌИ ГО ПОФАЛИ ГРУЕВСКИ: Ветува проекти започнати и реализирани од минатата Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Инвестициски циклус од 270 милиони евра со офанзивна изградба, реконструкција, рехабилитација и обнова на повеќе од 60 патишта во должина од 800 километри“ . Ваква изјава даде премиерот Зоран Заев пред неколку дена, на помпезна прес-конференција во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и во присуство на директорот на јавното претпријатије за државни патишта Зоран Китанов.

Се ќе беше во ред ако Заев промовира свои проекти и цели најавувајќи дел од програмата на СДСМ чии идеи сега ќе ги сработи. Но тоа што тој го најавува, јавноста добро знае дека се проекти на ВМРО-ДПМНЕ уште од пред неколку години.

Таков е примерот со автопатот Демир Капија-Смоквица за кој на владата на СДСМ и требаше речиси година дена да тргне еден далновод и автопатот Кичево- Гостивар кој и покрај сите прес-конференции и огромно медиумски внимание, продолжи со изградба.

Иронијата и апсурдот да бидат поголеми договорите и парите се веќе обезбедени речиси за сите делници што ги наброја Заев.

Премиерот треба повеќе да биде информиран дека градилиштето што го најави на прес-конференцијата е веќе почнато уште многу од поодамна. Ова според познавачите не е ништо друго освен гол популизам. Тие велат дека немајќи визија и проекти Заев смета дека е доволно да се пофали со проекти кои некој друг ги направил.

Премиерот Заев сигурно добро ги знае овие податоци иако манипулира со истите, па за точно информирање на јавноста, објавуваме кои проекти најави дека тој ќе ги реализира и што точно се случи со нив.

Локалниот пат од Кадино до Миладиновци е веќе компелтно рехабилитиран на 26.08.2014 година.

На 21.03.2015 година, направен е проект за експрен пат од Битола до Скопје.

На 6-ти октомври 2015-та година е потпишан договор за изградба на експресен пат од Крива Паланка до Ранковце во должина од 23 километри со вредност од 83 милиони евра.

На 18.10.2015 година потпишан е договор за изградба на експресен пат Штип-Радовиш во вредност од 64 милиони евра.

25.02.2016 година рехабилитација на автопатот Неготино-Демир Капија во вредност од 8 милиони евра.

На 25-ти мај 2016 година почнува со рехабилитација делницата Куманово- Миладиновци во вкупна должина од 23 километри.

Изградба на експресниот пат Градско- Прилеп во должина од 33.5 километри во вредност од 70 милиони евра почнува на 21.08.2016.

На 05.12.2016 најавен е нов експрен пат од Битола до Меџитлија во вредност од 10 милиони евра.

Почнува да се пробива трасата за почеток на изградба на експресниот пат Штип-Кочани со должина од 23 километри во вредност од 40 милиони евра. Ова се случува на 22.05.2017 година.

Проектите што во изминативе години ги почна ВМРО-ДПМНЕ се идентични на проектите што ги најави Заев па дури е идентична и сумата која се планира да се потроши на овие патни правци.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This