ЗАЕВ НЕ БИЛ МОТИВИРАН: Ова е причината што нема реформи, ако немало датум ќе го зaгyбeл мнозинството во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев најави дека Владата може да ја загуби поддршката од Собранието доколку Македонија не добие почеток на преговорите од страна на лидерите на земјите-членки во ЕУ до крајот на неделата.


Ова шефот на македонсјката Влада го изнесе на денешната панел дискусија во Виена организирана од австрискиот институт „Карл-Ренер“ и фондацијата „Фридрих Еберт“. Ова главно е истата теза на премиерот која ја наведе пред неколку дена и во интервју за американската јавна радио станица ПБС кога рече дека евентуално недобивање на датум за преговори со Европската унија ќе ја урне неговата Влада.

-Им ветивме на пратениците, им рековме да гласаат за промена на името, за промена на уставот, за прифаќање на договорите со Бугарија и Грција, затоа што ЕУ ни вети дека ќе испорача датум за преговори, а не за веднаш да станеме членка. Во оваа насока верувам дека ќе водат сметка да не им дадат простор на трети страни, и да не дозволат да се врати радикалниот национализам во земјата – рече Заев.

Тој додаде дека очекува нова информација од вечерашната средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон и наведе дека европски реформи во една земја се можни само со мотивација.

-Проблем е Франција, знаеме дека реформи се потребни, но реформи се возможни парлалено со одржување на мотивацијата. Во спротивно национализмот, популизмот и радикализмот ќе се вратат. Балканот многу претрпе поради ова, учевме од тоа и сакаме да мрднеме напред за да станеме европјани. Ако го казнат најдобриот пример, како ќе го мотивираат Вучиќ, како ќе го мотивираат Тачи во Косово или како ќе ја мотивираат БиХ. Во нашиот регион има и голем интерес од Турција, Русија и Кина, за да навлезат во Европа и да бидат помоќни. Но тие не ни нудат владеење на право и демократија, го видовме тоа и сакаме демократија – посочи Заев.

Заев предупреди дека земјата се соочува со агенти од други држави кои работат против слободата и демократијата и против НАТО интеграцијата на Македонија, но и дека не губи надеж дека може да се усвои новата методологија за преговарање паралелно одлука за стартување преговори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This