Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец Премиер на Република Македонија преку објавување на видео на неговите официјални профили на социјалните платформи.
-Дојдено е времето пријатели, да се обединеме, затоа што кога сме обединети се е можно, како што бевме обедините во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец Претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е, “АлбанецПремиер.‘ напиша Ахмети.
Заев, вчера испрати порака дека ако СДСМ победи, тој ќе бидам премиер, а ако ДУИ условува нема да биде во влада.