ЗАЕВ: Не знам дали Канческа ќе гласа за Северна, не можам да кажам дали ќе имаме 80 пратеници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има информации дека пратеничката Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени, дали е тоа точно и дали го загрозува двотретинското мнозинство, е едно од прашањата на кои премиерот Зоран Заев одговараше во пресрет на продолжението на собраниската седница на чиј дневен ред се уставните амандмани.

– Не знам за ниту еден пратеник. Пратеничката Елизабета Канческа Милевска е координатор на новата пратеничка група и таа е длабоко влезена во процесот на разговорите за сѐ. Работи буквално како нас во Владата, креаторите на амандманите. Знам дека знае за сите детали, секако одлуката ќе ја носи лично таа, нејзината пратеничка група, секој пратеник поединечно, па и вкупно сите 120 пратеници, па и очекуваните 80. Не можам да кажам дали без еден пратеник ќе има 80 или не. Не знам дали ќе бидат 80, дал 79, дали 82, дали 78. Никој тоа не може да го каже – рече Заев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This