ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА СОСТАВИ ВЛАДА БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ПЛАТФОРМАТА: Мухамед Зекири како втор човек на СДС како гарант за Тиранската платформа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отежнато се одвиваат преговорите за составот на новата влада на во која СДС ќе партиципира заедно со албанските партии во Македонија, откако лидерите на партиите од албанксиот блок одбија да ги прифатат гаранциите кои Заев ги достави до Иванов како услов за добивање на мандатот

zekiri-zaev-640x353-1

Иако се очекуваше до денес на полноќ да биде познат предлогот на новата Влада, Заев наиде на препреки во преговорите со БЕСА кои бараат редефинирање на Уставниот поредок на државата, како и ревизија на територијалната поделба која ја спороведе СДС во 2004-та година, а беше договорена со Охридскиот рамковен договор.

Имајќи го тоа во предвид, дефинирањето на конечниот владин состав останува да се обелодени по партискиот конгрес на СДС, на кој Заев ќе се обиде да даде гаранции до албанските партнери.

Според ИНА (Илирија њуз), партискиот конгрес на СДС кој ќе се одржи во сабота се очекува да биде историски, затоа што според неофицијални информации Мухамед Зекири ќе биде избран за потпретседател на партијата.

Ова ќе биде прв пат Албанец да биде втор човек на Македонска партија.

На овој чекор Заев се одлучил како гаранција дека барањата од Тиранската платформа ќе бидат спроведени, за што од СДС ќе биде задолжен токму Мухамед Зекири.

На конгресот се очекува да бидат присутни околу 700 делегати.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This