ЗАЕВ НЕ ПРЕГОВАРА СО ГРЦИЈА: Заев реализира се што ќе му побараат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорите Љубомир Цуцуловски и Солза Грчева излегоа со реакција на социјалните мрежи за попустливоста на Заев во однос на преговорите со Грција.

Цуцуловски на социјалните мрежи напиша дека не може да стане збор за компромис со Грција бидејќи Република Македонија ништо не бара од Грција, како би имало обострано задоволувачки компромис.

Грчева, пак, потенцира дека однесувањето на Заев е како по капитулација по војна реализира се што ќе му побараат, а не бара ништо за возврат.

– КОМПРОМИС СО… Може ли некој да се сети, вклучувајќи ги и оние од ЕУ и од „меѓународната заедница“, што Македонија бара од Грција, па да се дојде до обострано задоволувачки компромис? Или, одредена господа (како домашни, така и странски) имаат направено компромис со својата совест, со својата чесност и со својата човечност. Меѓутоа, резултатите од таквиот вид компромис најчесто се опасни и со кус рок, бидејќи се преседан и направени од проблематично избрана власт, напиша Цуцуловски на Фејсбук.

Со слична реакција излезе и професорката Грчева. Таа напиша дека начинот на кој ги води преговорите Заев, без црвени линии по однос на националните прашања, е исто како да преговара држава по војна капитулација.

Според Грчева, доколку Заев преговараше како компензација за смена на името на автопатот и аеродромот ќе бараше за возврат да се дозволат македонските пасоши во Грција.

– Вака да преговараше за неговата фирма ќе му банкротираше бизнисот. Македонија не ја става дури ни на рангот на Еленица, завршува Грчева.

Во оваа реченица се крие голема вистина со која јасно се гледа колкав е интересот на Заев  за државата.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This