April 24, 2024, 10:28 am

ЗАЕВ НЕ ЈА ЗНАЕ БРОЈКАТА НА ПРАТЕНИЦИ КОИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА СЕВЕРНА: Ако му пропадне проектот ќе барал одговорност од своите сопартијци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јавност и натаму е во неизвесност дали власта го има потребното мнозинство за да го заврши проектот наречен Северна Македонија. Заев во повеќе наврати во изминативе неколку денови искоментира дека не ја знае точната бројка на пратеници кои би гласале за промена на Уставот. Тој потенцираше дека се согласува со вметнување на други народи во преамбулата на македоснкиот Устав. Натаму тој коментира дека доколку го нема потребниот број на пратеници ќе го свика централниот Одбор на СДСМ, на кој ќе се бара одговорност кај неговите сопартијци.

Беса е принципелно поставена околу ова прашање, исто како што се осумте пратеници ДПМНЕ и коалицијата. Тие се и првите, но не и единствени заштитници на македонскиот идентитет. Суштината на Беса е преку формулацијата ‘македонско/граѓани на Република Македонија’, да не се остави впечаток дека Албанците, Турците, Србите и другите во држaта ќе бидат Македонци. Тоа е суштината. Тука се наоѓаат техничките аспекти за решавање. Секако државјанството е македонско и така ќе остане. Беса не бара менување на идентитетот. Тие не се Македонци, тие се Албанци од Македонија, Турци од Македонија, Срби од Македонија. Македонците во државата не треба да се плашат дека некоја албанска партија или пратеник ќе бара да биде загрозен идентитетот. Сите се бориме за идентитетот, кој беше оспорен, конечно да биде загарантиран“, вели Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This