April 19, 2024, 10:05 am

Заев: Нон-пејпери и проекти како „Илирида“ се појавуваат бидејќи Европа затajyва во регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Феноменот на „нон-пејперите“ и сега овој проект за „Илирида“ кој повторно се иницира, се промотори на националистичките политики во регионот, и не само во регионот, кога затајува Европа, оцени премиерот Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.

– Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Македонија тој долг е поголем 10 пати. Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања. Горд сум на тоа што премиерката на Србија, Брнабиќ, вели дека Договорот од Преспа е модел и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово. Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка, но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот – рече премиерот Заев и уште додаде дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите како и овој за „Илирида“ не поминуваат и нема да добијат ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This