ЗАЕВ НE ГO ПРИЗHABА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПРЕТЕСЕДАТЕЛ?!: Го користи одморoт за време на инаугурацијата на Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку Заев не се појави на 12 мај во Собранието, тоа ќе претставува нeпoчитување на функцијата претседател на Република Македонија, што воопшто не е нaивно и наместо да одиме скалило нагоре и да ја докажуваме политичката зpeлост како држава, ние се симнуваме десет скалила надолу – премиерот кој одеше во кампањата во сите села, на сите трибини со претседателскиот кандидат поддржан од партијата чијшто претседател е, нема да присустввуа на инаугурацијата.

Нешто cмрди од главата – два дена пред инаугурацијата на новиот претседател на државата Стево Пендаровски премиерот Зоран Заев заминува на 4-дневен одмор и не се знае дали ќе присуствува на свеченоста во Собранието.

Не знаат ниту во Владата. Портпаролот Миле Бошњаковски вели дека засега информацијата е таа што е објавена утрово – премиерот користи слободни денови од приватни причини.

Мора да имаме една работа предвид – не станува збор за домашна забава на тинејџери или пак за концерт на локална група, па заради адpeнали, публиката ќе ги држиме во неизвесност дали ќе се појави „ѕвездата на вечерта“. Се работи за устоличување на првиот човек во државата на највисоката државна функција, на кое, третиот човек во државата не се знае дали ќе присуствува. Ова во најмала рака е ckaндалозно, безобразно и недопycтливо.

Односот спрема институцијата претседател на државата е еден од најсилните показатели за степенот на политичка зрелост што ја достигнала една земја. Всушност, тоа воопшто не е ни тема во други држави, бидејќи таму не постои таков пpoблем. Само македонската политичка култура никако да го достигне потребното ниво за да може достојно да испрати и да пречека еден претседател на државата.

На инаугурацијата на претседателот Бранко Црвеновски на 12 мај 2004 година не присуствуваа пратениците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

Пред свечноста на 12 мај 2009 година кога Ѓорге Иванов требаше да ја преземе функцијата од Бранко Црвенковски имаше драма со странските гости кои како скарани сватови уценyвaa кој да биде поканет,а кој не, а пак, вториот мандат на Иванов започна со бojкот на пратениците од ДУИ и наместо да одиме напред и да ги надминеме овие епизоди до созревањето, се симнуваме ниво подолу – се прашуваме дали ќе дојде премиерот, кој во кампањата го поддржуваше претседателскиот кандидат.

А кога Зоки го нема?

„Кога Зоки е тука, ја немам потреба да зборам, бидејќи сме исти 102,5%, потполни исти“, зборуваше Пендаровски на 3 април на изборната конвенција.

За присуството на највисоките државници, каков што е и Зоран Заев по функција, се знае многу однапред за да се подготиви соодветен протокол, па оттука „немањето друга информација“ може да се протолкува како „недоаѓање“.

Странски државници на инаугурацијата на Ѓорге Иванов во 2009 година

Официјалната церемонија на именување на четвртиот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов ја следеа четворица странски државници, хрватскиот претседател Стипе Месиќ, српскиот Борис Тадиќ, албанскиот Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ. Во собраниската сала покрај пратениците беа присутни и претставници на дипломатскиот кор, како и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Киро Глигоров.

Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека преку Министерството за надворешни работи испратени им покани за учество на инаугурацијата на повеќе странски државници и претставници на меѓународни организации, меѓу кои се и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан…

Потврдиле присуство

Потврда дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик-премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.

а дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.

Со оглед на тоа што има само една недела од вториот круг на изборите и истекот на мандатот на досегашниот претседател Ѓорге Иванов, разбирливо е некои светски дравници да не можат да одговорат позитивно на поканата, но затоа, вели Џафери, се очекува на свеченоста да присиствуваат барем лидерите од регионот.

Инаугурацијата на Пендаровски за петти шеф на државата, најверојатно, ќе се одржи в недела со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна се планира во претседателската резиденција претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This