ЗАЕВ ОГЛУВЕ ЗА БАРАЊАТА НА НАРОДОТ: Градоначалниците од југоисточниот регион бараат одговори за рудниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска градоначалниците од југоисточниот регион дојдоа пред Владата со цел да остварат средба со премиерот Зоран Заев, за да ги повторат своите барања кои неколку пати ги промовираа во јавноста и ги доставија до Владата на Република Македонија.

Тие уште на 29 јуни побараа средба со Заев, каде ќе се разговара за доделените концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини и референдумите за отворањето рудници во тие општини, но премиерот Заев очигледно е глув на овие барања да даде одговори кои ги бараат граѓаните.

-Прво да се произнесе Владата во однос на доделените концесии на рудниците и второ нашето барање за итна средба со претседателот на Владата, господинот Зоран Заев. Принудени сме на ваков на начин, пред Влада, со јавно барање за средба, бидејќи Владата на Република Македонија досега не одзва на нашите барања, немаме добиено никаков одговор по однос на заклучокот кој како регион го доставивме до Влада од 15 јуни, со кој баравме да се произнесе Владата и барањето за итна средба со претседателот на Владата од 29 јуни, изјави Стамов.

Стамов кажа дека единствен одговор кој тие го добиле е од генералниот секретаријат на Владата, каде се вели дека нивното барање било препратено до надлежните институции во Министерството за економија и Министерството за животна средина, тој кажа и дека во одоговорот пишувало дека во најбрз рок ќе се произнесат. Според неговите зборови потребна е брза реакција од Владата, тие сметаат дека е потребно таа да се вклучи во ова важно прашање за граѓаните од југоистокот, да не стои на страна од процесите кои се случуваат во овој регион.

-Сметаме дека најитно, во најмала мера е потребно да се одржи еден состанок со сите градоначалници од југоисточниот регион со претседателот на Владата, на кој што би биле присустни и вицепремиерот за економски прашања и министерот за економија, министерот за животна средина и просторно планирање, бидејќи сметаме дека тие е се надлежни институции за водењето на постапката за добивање на концесии за експлатација на рудници, меѓутоа и надлежни иституции за доделување на концесии за експлатација, изјави Стамов.

Тој напомена дека од Владата иако прилично нова, очекува да одговори на овие нивни барања.

-Граѓаните од нас, а пред се и од Владата очекуваат одговори. Граѓаните во нашите општини се загрижени и бараат одговори. Загрижени се во однос на тоа дали рудниците ќе загадуваат и бараат одговри, како и ние, дали Владата на Република Македонија ќе дозволи градба на рудници или рудниците во југоисточниот регион ќе бидат стопирани. Денеска сме во Скопје дел од градоначалниците од југоисточниот регион, се надеваме на прием кај претседателот на Владата, со цел да донесеме соодветни заклучоци и да дадеме одговори на нашите граѓани, изјави Стамов.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This