ЗАЕВ ОД ПРЕД ТРИ ДЕНА ИМА ПРИСТАП И ДО СМЕТКИТЕ НА СИТЕ ГРАЃАНИ: Не само што Заев располага телефонски разговори на повеќе од 20 илјади лица, отсега има увид и во банкарските сметки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанскиот активист и бизнисмен Роберт Милевски на својот ФБ профил предупредува дека недостигот на реакција во врска со носењето на законот за пристап на УЈП до банкарските сметки на граѓаните е загрижувачки, имајќи во предвид дека овој закон е сличен, ако не и полош од оној кога во 2009-та година сите телефонски оператори имаа обврска да обезбедат непречен пристап до ценралите во корист на УБК

„Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките.

Запомнете ги добро овие законски измени!

Ве гледам дека сите спиете и не реагирате на овој невиден упад во приватноста, ама вака спиевте и во 2009-та кога со измена на законот за електронски комуникации ги натераа сите оператори да довлечат кабли до УБК, со што се овозможи скандалот со Заевите бомби. Овие измени на законот за банки се еквивалентни со влечењето кабли до УБК, само што сега се влечат до УЈП. Ова е катастрофа за приватноста на секој од нас!

И замислете кој е изговорот, да ни подготвувале автоматски даночни пријави. Море бре! Еве јас не сакам УЈП да ми подготвува пријава, сам ќе си ја подготвам. Зошто некој мора да има комплетен увид во моето конто што и како правам?! Ако сакам автоматска подготовка, тогаш ЈАС можам да ја овластам банката да испрати податоци на крај на годината!

Друго, како од сите приливи? Па еве на пример наемнина претежно луѓето плаќаат во кеш, а мора да се плати данок на добивка на приходи од наем. И сега што правиме?! Фактички УЈП ќе изработи погрешна пријава. Глупост. Што ако еве жената му префрли пари на мажот, или мајката на ќерката, или префрлите на ваш пријател како заем. И тоа е прилив нели?! Уште една глупост. Оди после објаснувај се со УЈП што и како било.

Ова е голема манипулација! Ќе имаат директен увид во се што правите! Ќе можат преку вкрстување на мета податоци да прават цели истражувања за нас и да дознаат многу работи кои баш и не би сакале сите да ги знаат.

Со ова, не само што Заев располага со милиони телефонски разговори на повеќе од 20 илјади лица со кои како што гледате може да уценува се што мрда од јавниот живот, сега тој ќе има увид во сметките на СЕКОЈ од нас.

А за информатичката сигурност не сакам ни да почнам да објаснувам што ова значи! Еве ќе ви дадам пример од нивните изјави:

“Со предлог-законите за изменување на законите за банки и за УЈП, исто така, се гарантира и повисока безбедност на податоците со користење на најнова технологија, односно енкрипција на податоците.”

Боже мили! Ќе користеле најнова технологија, односно енкрипција! Не можам ни да почнам да ви објаснувам на колку нивоа оваа изјава е катастрофална, смешна, бедна, и опасна за сигурноста на нашите податоци.

Но добро, еве јас вторпат предупредив, а вие продолжете си сега да спиете на лево уво.“ – пишува Милевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This