ЗАЕВ ОТВОРИ НОВА ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИ ЗА СДС: Помпезно најавуваната фабрика „Санос“ зјае празна, нема ниту автобуси ниту работници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И новата Влада на СДСМ ја продолжува праксата на сите претходни од минатото на таа партија, со договарање матни бизнис зделки, еден примерите за матните бизнис зделки на новата власт е фабриката „САНОС“, која како што кажа премиерот Заев произведува автобуси, а има само тројца вработени и погоните зјаат празни.

Во фабриката во која Зоран Заев пред неполни два месеци најави производство на 70 нови високо туристички автобуси, како што објави вчера Алфа освен чуварот и еден џип со белградски таблици, дворот зјае празен.

Заев кога беше во посета на оваа фабрика, позади која според информациите има многу матни игри, кажа дека е таму да се поклони пред работниците, кои според официјалните документи се три на број.

-Јас денес со моето присуство овде, сакам да оддадам почит кон менаџментот на компанијата, но овде сум пред се да се поклонам пред овие работници, кои што во ова тешко време, со оваа традиција на оваа фабрика издржале и создале едни вакви прекрасни дела со кои јас, а верувам и цела Македонија, се гордее, како што се гордеат и тие, изјави Заев при посетата на фабриката „САНОС“.

Многу нелогичности има во овој проект, според одредени информации целта на овој проект е удирање по државната каса, т.е. стари автобуси се репарираат и се изнесуваат како нови, со што се ослободени од данок според законите.

За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

Даночните инспектори ќе имаат полни раце работа, тие ќе треба да утврдат како е можно фирма со тројца вработен да произведе толку автобуси, дали се купени половни автобуси кои се репарираат како нови и дали постои извоз и дали ќе биде побаран поврат на ДДВ. Даночните инспектори ќе треба да проверат дали овој помпезно најавен проект на Зоран Заев е само една обична перална на пари.

Како што ни кажа поранешен вработен во производствениот сектор на „ФАС 11 Октомври“, во чии простории сега е оваа фабрика, само во производниот дел во фабриката биле вработени 1.800 луѓе, кои годишно произведувале 1.600 автобуси, значи во просек по помалку од еден автобус од работник. Како паралела сега оваа компанија има вкупно тројца вработени, значи во просек еден вработен сам треба сега да произведе 23 автобуси. Покрај тоа во моментов во индустриската зона Бунарџик работи и фабриката „Ван Хул“, која исто така произведува автобуси за извос, во која пак работат повеќе од 800 работници.

Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.

Непотврдени се информациите дека сопственикот наследените машини од Фас 11 октомври ги продал како за старо железо. Од неколку стотина вработени се намалила на само 3.

Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This