ЗАЕВ ПАДHAЛ ВО ДEПPECИЈА: Австриската канцеларка за paзочараноста на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Верувам до небото дека ќе добиеме датум, изјави премиерот Зоран Заев пред само неколку дена, по одбивање на амбасадорите на ЕУ за предлогот на финското претседателство за земјава. Тој веруваше дека драмата во ЕУ ќе трае до последен момент. Но набрзо потоа од Брисел пристигна и полоша вест од онаа дека министрите за надворешни работи на земјите членки не постигнаа согласност за почеток на преговори со Македонија и Албанија, со оглед на тоа што отсега дури и препораките за почеток на преговори кои ги доби Македонија во Јуни 2019 година се повлечени и нема да важат.

Новата федерална канцеларка на Австрија Бригите Бирлајн денеска се сретнала со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, кои, како што рече Бирлајн, биле разочарани од пропаднатиот обид за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

-Утрово веќе се сретнав со премиерите на двете држави и го искажав моето разочарување. И македонскиот и албанскиот лидер изгледаа многу разочарано – рече таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This