ЗАЕВ ПАК СЕ ПИШМАНИ: Сепак ќе има лидерска средба со ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави лидерска средба, одговарајќи на новинарско прашање дали лидерите ќе се сретнат во врска со СЈО, како што побара ВМРО-ДПМНЕ. Секако, време е да оддржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доааѓат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба, нагласи Заев, пренесува Прессинг.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вчера за Пресинг ТВ објасни дека на лидерската средба би се расправало за Јавниот обвинител кој треба да се избира на предлог на опозицијата, како и за реформските закони, додека за Законот за СЈО треба да го видат па ќе се изјаснат дали го прифаќаат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This