ЗАЕВ ПАЃА ОД ВЛАСТ: Доколку Заев избега од парламентарни избори, ќе го победиме на претседателските избори, по што ќе ја делегитимираме власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го повикавме владејачкото мнозинство да се одважи, ако навистина имаат таква доверба кај граѓаните, ако се самоуверени како што кажа Зоран Заев, во саботата пред да замине на зимување дека ќе добијат нов четиригодишен мандат, еве можност да излеземе и да се соочиме пред граѓаните и навистина да видиме каква е вредноста на овие политичари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во емисијата „Отворено студио“ на МТВ.

Мицкоски додаде дека континуирано се мери јавното мислење на граѓаните, како и дека голем е процентот на недовербата во институциите, правниот систем, владеењето на правото како и во демократските процедури.

Тој се надева дека Заев ќе ги послуша и неговите министри во неговата влада Манчевски и Десковска кои јавно истакнувале дека и тие сакале да одат на избори и да го видат мислењето на граѓаните.

-Ние се надеваме дека тоа ќе се случи, дека тие ќе се одважат тоа да го направат. Ние сме подготвени за тоа да се случи, нагласи Мицкоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претседателски избори доколку СДСМ не излезе на предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече:

– Доколку се затскријат, доколку одлучат повторно да бегаат од јавноста, најголемата опозициона партија, граѓаните имаат основано сомнение дека нивните намери не се чесни односно дека повторно сакаат со нефер избори да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се разбира дека ќе стори се што е во наша моќ тоа да не се случи. ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивиран и мобилизиран да учествува на тие претседателски избори кои што практично ќе ги победи, ќе победи и во Охрид, ќе победи и во Ново Село и на тој начин силно ќе ја подотвори вратата на едни нови предвремени парламентарни избори, ако не сега барем на есен. Затоа е многу поважно да заштедиме на времето, затоа што притисокот на победата на опозицијата на претседателските избори, победата во Охрид, победата во Ново село ќе значат огромен товар за владата, потенцираше Мицкоски.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/316561515868563/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This