ЗАЕВ – ПЛОМП: Ќе се посветиме на нов раст на платите и пензиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

C Македонија бележи cepиозен напредок во последните две години, било нагласено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп.

Како што соопштија од владината прес-служба, меѓу постигнувањата се посочени отвореноста за решавање важни политички прашања, како што е преспанскиот договор, како и во делот на почитувањето на човековите слободи и пpaва.

Сега сме насочени, придобивките од интеграцискиот процес во НАТО и исчекорите кон ЕУ да ги почувствуваат граѓаните како економски бенефити. Во претстојниот период ќе се посветиме на нов раст на платите и пензиите, како и поголема поддршка на инвеститорите и претпријатијата, за да придонесеме кон економскиот раст во државата, рекол Заев.
На средбата било разговарано за важноста и за чекорите што се преземаат за имплементација на реформите во правосудството.

На состанокот заеднички било потврдено големото партнерство и пријателство помеѓу двете држави, кое, како што било констатирано, има голем отворен простор да продолжи да се унапредува на билатерален и економски план.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This