ЗАЕВ ПОБАРАЛ ОД ПАПАТА ДА СЕ МОЛИ ЗА СЕВЕРНА: Зоран, Зорица и Александра Заеви се сликаа со папата Францис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица и ќерката Алексaндра се сретнаа со папата Франциск во претседателската резиденција на Водно, пренесува СДК.

Според протоколот за првата посета на папата во земјава, тој прво се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, а потоа и со премиерот Зоран Заев.

Од Владата велат дека премиерот имал одделна средба со папата, а кон крајот на неа му се придружиле и сопругата и ќерката.

„На средбата уште еднаш е потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја, воспоставена со мисијата не сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, со чествување на нивното дело, што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан“, соопшти Владата.

„На средбата порачав дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на С Македонија и го замолив Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата. Ја истакнав заложбата Република Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа“, изјави премиерот Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This