ЗАЕВ ПОВТОРНО ВО ОБВИНИТЕЛСТВО: Треба да направи увид во доказите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев минатата недела беше на распит во ОЈО-Скопје, кое отвори предмет против него под сомнение за злоупотреба на финансиски средства и за лажирање на финансискиот извештај за последните предвремени парламентарни избори што се одржаа лани во декември.

download

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска повторно треба да се појави во Основното јавно обвинителство-Скопје кое отвори предмет против него под сомнение за злоупотреба на финансиски средства и за лажирање на финансискиот извештај за последните предвремени парламентарни избори што се одржаа лани во декември.

Заев минатата недела беше на распит во ОЈО-Скопје, а по излегувањето од зградата изјави дека денеска треба да направи увид во доказите.

Под истрага на Обвинителството освен Заев е и едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ.

– Се работи за истрага. За кои дела станува збор, не би коментирал, во овој дел од постапката од адвокатот сум поучен дека не треба да зборувам за деталите. Како што знаете, СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај од Државниот закон за ревизија и апсолутно нема никакво сомневање во него – рече Заев.

Во понеделникот на распит беше повикан и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој не се појави во Обвинителство затоа што не примил покана. Од Обвинителство, пак, рекоа дека тој бил уредно повикан.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This