ЗАЕВ ПОВТОРНО ФАТЕН ВО ЛАГА: Излажа дека го суспендирал насилникот од своето обезбедување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозицискиот лидер Зоран Заев излажа дека го суспендирал насилникот од своето обезбедување Александар Трајков, кој пред изборите нападна малолетни деца во струмичката дискотека „Платинум“.

obezbeduvanje-640x354

Во октомври минатата година медиумите објавија дека десетина момчиња и девојчиња се нападнати во дискотека во Струмица од обезбедувањето на Заев. Стануваше збор за Александар Трајков, познат како лично обезбедување на лидерот на СДСМ од струмичкото село Градашорци.

Насилникот на Заев прво се доближил до К.Д. од Струмица, додека тој разговарал со пријателите. Според записникот, Александар Трајков го нападнал К.Д. и со тупаница го удрал во лице.

Потоа истиот насилник го продолжил своето дивеење за кое има повеќе пријави во полиција и записници. Околу 4,30 Александар Трајков го нападнал С.Н., кого без никаква причина или повод почнал да го удира со тупаници во стомакот.

Откако техничкиот министер во МВР од СДСМ Оливер Спасовски не успеа да го затскрие инцидентот и скандалот излезе на очиглед на јавноста, СДСМ излезе со соопштение во кое тврдеше дека насилникот Трајков ќе биде отсранет од обезбедувањето на Заев.

-Посоченото лице ќе биде отстрането од придружба на претседатателот Заев на определно време, стоеше во соопштението од СДСМ.

Сепак, Трајков не е суспендиран и синоќа можеше да забележи до лидерот на СДСМ, додека Заев го напушташе седиштето на СДСМ на Бихаќка во Скопје. Само три месеци по инцидентот, Трајков може да се види во најтесното опкружување на Заев.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This