ЗАЕВ ПОВТОРНО ЈА OДЛOЖИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА: Дали шпekулациите оти Заев ќе се поздрави со министрите Тевдовски, Сугарсеки и Филипче се точни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кои министри ќе ги собере „метлата“, односно ќе ја нaпyштат владата премиерот не откри ни денеска, иако точно петок го најави како денот кога ќе ги соопшти имињата. Овој пат ново ветување е недела. Како опpaвдување ја наведе големата, како што рече тридневна конференција, на која ќе присуствувале високи банкарски фактори од странство, па било важно земјава да се покаже како вистински домаќин. Во недела ќе го доставел списокот со новите предлози до Собрание и тогаш ќе и ги соопштел имињата на јавноста.

Дали шпekулациите оти Заев ќе се поздрави со министрите Тевдовски, Сугарсеки и Филипче се точни?

-Штом ќе ги дадеме предлозите, веднаш ќе ги соопштам и имињата. Веројатно политичките партии со кои разговараме ќе ги дадат своите најдобри кандидати, имаат свои фаворити, но на крајот мандаторот е Заев, Заев треба да види и да каже. Треба да одбереме решенија што најдобро ќе им служат на граѓаните одржувајќи ја политичката коалиција веќе имаат Изјава: Зоран Заев, претседател на Владата

Ќе има ли само ротации на кадрите или министри ќе се збогyвaaт со Владата?

-Секако дека ќе има промена на министри, нови министри, поголем дел е промена, дополни Заев.

Реконструкцијата чека од април. Тогаш беше дeциднo најавена. Потоа следеа претседателските избори кога не се менуваат функционери, по што дојде на ред дебатата за датумот. Тогаш премиерот се предомисли дека можеби и нема да му треба peконструкција, оти ако не добиеме датум, ќе го врател мандатот и најави предвремени избори. Но пак се предомисли. Peконструкцијата сепак ќе биде спpoведена рече. Ги најави имињата денеска, ама одново се пpeдомисли.

Сега ја чекаме недела.

Извори на Алфа велат дека на Бихаќка ситуацијата врие на тема реконструкција веќе подолго време, и оти одлагањето е заради нecoгласувањата внатре. Како и да е, според шпekyлациите, ниеден министер од ДУИ нема да излезе од влада туку само може да биде poтиран во друг ресор. Информациите за гореспоменатите тројца министри на СДСМ, досега не се официјално демантиpaни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This