March 28, 2024, 10:37 pm

ЗАЕВ ПОД УЦЕНА ОД МУХАМЕД ЗЕКИРИ: Или ќе ги прифатиш барањата од платформата, или ќе останеш без албанските пратеници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгото неизјаснување на СДСМ по однос на албанската платформа, поради што како што пренесува косовскиот портал Сакте.нет биле причина за продолжување на разговорите помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети, предизвикале серозни неогласувања помеѓу албанските пратеници од СДСМ и раководството на партијата

zekiri_kosovo

Според косовски Сакте.нет, албанските пратеници од СДСМ биле крајно разочарани од односот на СДСМ кон барањата кои произлегуваат од т.н. „албанска платформа. Најгласен, пишува косовскиот медиум бил пратеникот Мухамед Зекири кој го потсетил партиското раководство на Бихаќка дека не смеат да заборават на „70 илијади албански гласови“ без кои СДСМ во ниту еден случај не би биле во можност да бидат во ситуација да преговараат за влада.

Оттаму се додава дека, тензиите во партијата достигнале до таа точка, Зекири да се закани дека доколку не се земат во предвид барањата на Албанците од платформата, тој ќе ја разгледа можоста за приклучување кон парламентарната група на БЕСА. Сакте.нет пренесува дека ова бил последен ултиматум, кој бил од клучно значење и побарал партиските органи да ги прифатат.

Зекири овој став го соопштил и во емисијата „Арена“ која се емитува на косовската телевизија „Ора“, дека доколку ова не биде исполнето тој несомнено ќе ја напушти СДСМ.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This