April 24, 2024, 11:19 pm

ЗАЕВ ПОТВРДИ: Ангеловска ќе биде нов министер за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев потврди дека Нина Ангеловска ќе биде кандидат за министер за финансии. Нејзиното име ќе биде на листата кадровски решенија која тој утре ќе ја достави до Собранието. На списокот ќе биде и кандидатката за заменичка министерка за образование, Елизабета Наумовска која доаѓа на упразнетото место по оставката на Петар Атанасов. Ќе има промена и во ресорот економија, каде си заминува Кире Наумов а доаѓа Кирил Колемишевски. Наумов, како што кажа Заев, ќе биде нов директор на Развојната Банка на Северна Македонија. За заменик министер за политички систем, Заев и СДСМ го предлагаат Неџат Мехмедовиќ.

ЦО на СДСМ вечерва ги избра и партиските потпретседатели. Од позициите си заминуваат Петре Шилегов и Фросина Ременски. На нивните места се избрани Коста Петров и Мила Царовска. Своите позиции по оставките од фунцијата потпретседател ги задржаа Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/380175102689428/?epa=SEARCH_BOX

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This