Заев потврди: Промена на историјата на Македонија во учeбниците по желба на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите сме свесни дека разговорите со Бугарија треба да продолжат без разлика на исходот од претстојниот Совет на министри, изјави премиерот Зоран Заев, додавајќи дека треба да се решаваат проблемите, меѓу кои и овој кој, како што вели, се појавил пред кратко време.

– Треба да се имплементираат Договорите со Грција и Бугарија. Во оваа насока, Бучковски треба да е мотиватор за реализација на договорите. Разговорите, пак со Бугарија, ги води МНР, односно Бујар Османи, а вклучен е и вицепремиерот Никола Димитров. Тука е секако и мојот кабинет, но и амбасадарот во НАТО, Дане Талевски. Деновиве се прават напори за да се изнајде решение. Ние претходно го подготвивме народот дека е можно да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа и да започнат преговорите. Но, нашата стратегија е дека треба да продолжиме да разговараме и ќе правиме максимални напори до последниот момент, изјави Заев.

Тој додаде дека Владо Бучковски како специјален претставник ќе има мандат за една година и ќе работи на акциски план за подобрување на реализацијата на Договорот со Бугарија, што би довело до зајакнување на пријателството. Заев откри дека планот опфаќа и побрза изградба на Коридор 8, соработка во енергетиката, образованието, здравството, како и за историсите прашања.

Премиерот повтори дека грижата за националните интереси е секогаш добредојдена, но дека гарантира дека не се преговара за идентитетот и јазикот, бидејќи тоа е право на самоопределување, додавајќи дека работната група на МНР преговара за говорот на омраза и бугарските стравувања за територијални претензии со користењето на скратената верзија на името на земјата.

– За Мицкоски и душегрижниците, кои прават шамата, можам само да кажам дека сето ова што го прават е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба за заштита на македонскиот јазик и идентитет, кој инаку го заштитивме со Преспанскиот договор. Тоа е лажен патриотизам, рече Заев, истакнувајќи дека освен ЕУ – друг пат нема.

Премиерот откри дека на денешната средба на Комисијата за историски прашања бил постигнат напредок, а разговорите се водат во пријатна и пријателска атмосфера, додавајќи дека во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата за историски прашања.

Oд владата демантираат дека учебниците по историја ќе се менуваат по желба на Бугарија:

-Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира написот објавен на вашиот портал со наслов „Заев потврди: Промена на историјата на Македонија во учeбниците по желба на Бугарија”.

Насловот е лажна вест, изведен со целосно погрешно толкување и извртување на изјавата на Премиерот Зоран Заев дадена денеска во Неготино. Ако ја пренесовте изјавата во целост, ќе станеше јасно дека тој зборува за динамиката со која се спроведува реализацијата на постигнатите решенија на Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Во таа насока, според решенијата на оваа независна експертска група, во учебниците на двете земји ќе се спроведат заклучоците на независните експерти историчари од Комисијата кои се однесуваат на заедничката историја. Доследно на политиките за транспарентност на оваа влада, Премиерот Заев најави дека ќе бидат објавени записниците од Комисијата и јавноста ќе има увид, стои во демантот испратен од Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This