April 18, 2024, 11:53 am

ЗАЕВ ПОЧНА ДА СЕ ГУБИ ВО ПРОСТОРОТ: Командант Хоџа бил идеален за во влада, иако би можел да предизвика непријатност ако работи во полициската станица во Танушевци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Зоран Заев, Џезаир Шакири или познат како Командант Хоџа- лице барано од странски држави со меѓународни потерници, не е добро решение за полициска патрола, но за советник за безбедност е идеален.

Премиерот денеска изјави дека доклку човек со минато како Командант Хоџа биде во Полициската станица во Танушевци тоа може да предизвика и непријатни случувања. Токму поради тоа, јавноста бара одговор како тогаш истиот тој човек може да биде поставен за советник за безбедност во Владата.

Заев денеска конечно призна дека како надворешен соработник за безбедност и борбата против радикализмот си ангажирал човек од црната листа на САД оставен таму токму заради неговото терористичко делување и ризикот кој што тој го претставува по безбедноста.

-Џезаир Шаќири може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, а може да помогне и во граењето на концептот „едно општество за сите“, изјави денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со назначувањето на Шаќири за негов советник за внатрешни безбедност и радикализам.

Прашан зошто Шаќири не е ангажиран во Полициската станица во Танушевци, туку е назначен како советник, рече дека ако човек со минато како него биде во Полициската станица во Танушевци тоа може да предизвика и непријатни случувања.

-Знаеме дека во тоа време македонската полиција се бореше против луѓе кои беа поставени во борбата против македонската полиција и тој важи за еден од командантите. Верувам дека може да биде од директна помош на премиерот затоа што и себеси се сметам од првите носители на концептот „едно општество за сите“, а и еден од одговорните кој треба да водат грижа за државата за спречување на било каков екстремизам или радикализам, рече Заев.

На прашање каде ги остварувал средбите со Шаќири, Заев рече дека биле во Владата, каде пиеле кафе, разговарале и логично е тоа затоа што и тој е граѓанин на Република Македонија.

Од ВМРО- ДПМНЕ пак сметаат дека ова е големо понижување и за граѓаните и за државата, но и за полициските службеници кои ги имаат загубено животите во борбата против ваквите екстремисти.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција истакна дека единствена референца на Командант Хоџа е тоа што склучил политички договор со Зоран Заев за да му го ослободи Танушевци, а за возврат на тоа да добие висока политичка функција во владата.

-Но кој го држел Танушевци заробено и каде се оружјето и лицата кои биле подготвени да се спротивстават на македонската полиција? Каква порака испраќа Заев до сите идни криминалци и насилници кои планираат да се закануваат и уценуваат?, праша Стоилковски, додавајќи дека Владата не е приватна сопственост на Заев и, како што рече, криминалниот картел околу него.

Потенцира дека договорот на Командант Хоџа мора да биде раскинет, а институциите мора да покажат храброст и волја да ги бранат интересите на државата.

-По признанието на Шаќири, мора да следи сериозна истрага и да се утврди кој се’ му помагал во заканите и со какво оружје се заканувал? Луѓето кои се закана по територијалниот интегритет и суверенитет на државата мора да се најдат зад решетки. Лицата кои се закана по безбедноста на граѓаните не смее да бидат дел од владата. Дали е Заев сериозен во намерите да му се издаде безбедносен сертификат од највисок степен „Државна тајна“ на лице за кое кружеа информации дека било вмешано во убиство на полициски службеник? Дали е Заев сериозен во намерите со својот советник за безбедност да ги споделува највисоките безбедносни тајни на државата?, прашува Стоилковски.

Портпаролот вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува надлежните служби дека издавањето на безбедносен сертификат на Командант Хоџа, надвор од процедурите е кривично дело, додавајќи дека евентуалната таква постапка може да има сериозни последици.

-Вакво понижување на државата и безбедносните служби досега немало. Што порано си замине криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тоа подобро и за државата и за граѓаните, рече Стоилковски.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This